ВИДЕО – Плетвар блокиран 6 часа – тутунарите се закануваат со уште поинтензивни протести низ цела Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Тутунарите од цела Пелагонија и денеска го блокираа патниот правец Прилеп-Скопје на преминот Плетвар во траење од 6 часа. Освен во Прилеп денеска се протестирало и во Велес и Конче, а во Струмица и Радовиш полицијата не им се дозволувала на тутунарите да ги блокиираат патиштата затоа утре таму ќе одат членови од Иницијативниот одбор за да се реши и овој проблем. Инаку за утре во Општина Прилеп е закажана нова средба помеѓу Миниистерот за земјделство, тутунарите и откупувачите. Тутунарите рекоа дека што и да се случи ќе бараат писмени гаранции за да не бидат повторно излажани.

 

 

Бараме писмени гаранции за тоа што се договоривме во Скопје. 5% одбиток масимален, да се откупи секој килограм на тутун во државава по реална цена. Флексибилна линија на откуп како минатата и пред минатата година. Значи доколку ова се реализира тутунот ќе дојди од 190 до 200 денари за килограм“, истакна Игор Мирчески, Иницијатиивен одбор на тутунарите.

 

Тутунарите побараа да се обратат и пред пратениците во Собранието на Македонија затоа што велат дека револтот веќе бил толку голем што малку недостасувало целата ситуација да излези од контрола. Немало во никој случај својата мака да ја дадат 2 класи подолу од реалната вредност.

 

„Да бидеме примени во Собранието на РМ, да не се сослушаат сите пратеници, премиерот и Владата. Значи пред да стане хаос да бидеме сослушани за нашите маки“, вели Џемал Назифоски, тутунопроизводител.

 

„Тоа што е квалитетно и убаво го земаат во 4 и 3 класа, а знаеме како беше изминативе години се поминуваше во 2 и 1 класа. Ниие сега не бараме нешто што е 2 класа да оди во 1, ама и нема да дадеме нешто што е  2 класа да нии се цени како 4“, истакна Ријат Рамичевиќ, тутунопроизводител.

Доколку утре на средбата со откупувачите се постигнел некој договор протестите ќе прекинеле, но доколку не истите ќе се иинтензивирале и ќе се зголемеле часовите на блокада на патиштата низ цела Македонија.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи