ВИДЕО – Тутунарите се договорија со откупувачите освен со „Сокотаб“, од понеделник протест само пред нивните пунктови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Блокадите на патиштата прекинуваат, вечерва во Прилеп се постигна договор помеѓу откупувачите и тутунопроизводиотели кои добија и писмени гаранции од откупните фирми. Но за жал најголемиот откупувач „Сокотаб“ кој откупува 7 милиони килограми тутун, од договорени 23 миилиионии не се потпиша на договорот. Тутунарите добија ветување дека ќе има непречена линија, која ќе биде флексибилна, ќе се откупи и вишокот на тутун, а министерот секој ден ќе ја објавува дневната просечна цена и откупени килограми.

 

 

„Протестиите сега нема да бидат со блокирање на патишта и насочени за цела држава туку ќе се одвива пред компанијата која не се согласува со ова што ние заеднички го договоривме. Но мислам дека и тие имаат време до понеделник, можеби имаат потреба од допоплнителна консултација со со нивните шефови и газди така што ќе чекаме на позитивен епилог од тоа“, истакна Аријанит Хоџа, министер за земјоделство.

 

Тутунарите се задоволни од договорот и велат дека доколку сите се придржуваат до договореното ќе ја добијат бараната цена.

 

„Тоа што е двојка ќе си оди двојка, сега оди во тројка. Тоа што е прва класа сега ќе си оди прва класа. Тоа што е трета класа ќе си оди во втора класа. Значи преодните бербии да одат во погорна класа. Сега одат во подолна класа. До сега не даваа кец, сега ќе даваат и кец. Ако не се придржуваат до тоа ние ќе се вратиме на протестите“, рече Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

 

Тутунарите истакнаа дека од понеделник протестиите ќе бидат пред сите пунктови на Сокотаб се додека тие не се согласат да се потпишат на овој договор.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи