ВИДЕО – Заев најави наскоро изградба на автопат Прилеп-Битола, изградба на нов театар во Прилеп, водовод за Трескавец

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во моментот се трансферираат 4.5 милиони денари на наменска сметка на Прилеп за изработка на главниот проект за театарот, кој следната година ќе почне да се гради во Прилеп, а исто така 6 милиони денари за кејот „1 Мај“, се траснферираат на посебна сметка и најверојатно  во вторник ќе бидат легнати. Ова денеска во Прилеп го најави премиерот Зоран Заев, кој го посети градот под Марковите Кули по повод денешната градски слава на Прилеп, празникот Свети Никола.

 

 

„Исто така 54 милиони денари за 2 проекти, едниот 47 милиони денари влезен во програмата од ТАФ за реконструкција на водоводниот цевковод за доводот од Пашалиската ливада до главната шахта овде во Прилеп и 6,5  милиони денари за водоснабување на манастирот Трескавец. Тоа се веќе влезени проекти. Почнува во март месец по јелоу фидик изградба на автопатско решение Прилеп-Битола. Прилепчани можеби се до Битола, ама автопат е автопат. Така да влегува овој автопат кој вреди безмалку 100 милиони евра како автопатско решение. Следната година почнува секундарната гасификација на Прилеп, заради тоа што помина првата фаза. Имаме понуда од 2 џиновски компании за гасификација на цела РС Македонија, Прилеп е од првите 10 градови кои следната пролет веруваме ќе почне да се гасифицира, затоа што цевката веќе е помината овде. Интензивно се работи на патот Велес-Неготино-Кавадарци-Прилеп, Фариш-Дреново-Прилеп, така да верувам дека е вредно да се инвестира во такви инфраструктурни добра“, истакна Заев.

 

Заев рече дека во моментов се решавале огромни проблеми на граѓаните и тој верувал дела сите заедно здружени ќе сме продолжеле да си ја градиме нашата држава.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи