ВИДЕО – Заев: Бугарија не била администратор туку окупатор на Македонија, ќе ги бришеме натписите „Бугарски фашистички окупатор“

Бугарија за време на втората светска војна била од страната на фашистите и била окупатор, а не администратор на Македонија. Ова денеска во Прилеп го истакна премиеорт Заев кој сепак рече дека за тоа никој на реферндум не го прашал Бугарскиот народ, таа одлука ја донел тогашниот нивен цар. Заев исто така призна дека со Договорот за добрососедство со Бугарија било прифатено од наша страна од сите сите споменици од НОБ да се избрише терминот „Бугарски фашистички окупатор“. Но не даде прециизен одговор на кои споменици досега е тоа направено и дали истото се планиира и за споменците во Прилеп кои ги има доста со ваков натпис.

 

 

„Факт е дека тогашната администрација во Бугарија донела одлука да се приклучи на фашизмот, никако Македонија не била администрирана, била окупирана и тоа го знаат, тоа е во нашата балканска, европска и светска историја. Тоа не го прави бугарскиот народ фашистички народ, треба да направиме чекори меѓу кои се и таблите кои постојат во државата и стои бугарска фашистичка рака, бугарски фашистички куршум, бугарски фашистички окупатор, треба да остане фашистички окупатор, фашистичка рака, фашистички куршум, затоа што фрламе петно комплетно на целиот бугарски народ, што воопшто не е исправно“, рече Зоран Заев, Претседател на Влада.

 

Кога станува збор пак за македонскиот јазик Заев рече дека во никој случај тој не е бугарски дојалект, туку посебен јазик. По повод 99 години од раѓањето на кодификаторот на современиот македонски јазик, Блаже Конески, денеска Заев ја посети и неговата родна куќа во Небрегово.

 

„Денеска нашиот македонски јазик е признат, тој е впишан во картата на ОН и никој повеќе не го спори, ниту има право да го спори, тоа е наша определба и таа наша определба 1945 Блаже Конески ја прави кодификацијата за истиот јазик кој во 1903 Крсте Петков Мисирков  зборува и го зборувале нашите предци низ вековите наназад. Очекуваме нашиот јазик да биде почитуван и не само од соседите, пред се и од ЕУ и затоа очекуваме преговарачка рамка во која ќе пишува, акито ќе биде преведено на македонски јазик, точка и никако поинаку, затоа што тоа е европска вредност“, додаде Заев.

 

Заев истакна дека и покрај сите проблеми ништо немало да го обесхрабри да ги продолжи рарзговорите со Бугарија, бидејќи Европската унија била крајната цел за Македонија, за која пто немало алтернатива.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи