ВИДЕО – Скромно, без многу луѓе и без трпеза Прилеп по 15-ти пат ја одбележа градската слава Свети Никола

Скромно, без многу луѓе и без трпеза во центарот на градот, вака денеска Прилеп по 15-ти пат ја одбележа градската слава Свети Никола, која цели 14 години беше вистински препознатлив бренд за градот. Празнувањето започна во Божествена литургија во црквата Свето Благовештение, а потоа поради вирусот Ковид 19 и почитувањето на протоколите во центарот на Прилеп, кај параклисот посветен на Свети Никола, се изврши прережување на славскиот колач на кое присуствуваа само градоначалниикот на Прилеп и годинешниот домаќин, прилепскиот бизнисмен Тони Тарунџиоски. Поради тоа што годинава славата не можеше да се  одбележана според сите обичаи и традицијата, не се бираше нов домаќин, туку и идната година повторно домаќин ќе биде Тарунџиоски.

 

 

„Поради настаната ситуација со пандемијата, празникот ќе го славиме поскромно. Се надевам дека следната година ќе живееме во нормални услови, а не како сега во чудни и тешки времиња. Нека е напомош и за многу години денот“, истакна годинешниот домаќин, Тони Тарунџиоски.

 

Инаку празникот Свети Никола за своја куќна слава го имаат скоро половината од жителите на Прилеп. Беше упатен и повик граѓаните на денешниот ден да ги почитуваат сите мерки на Комисијата за заразни болести.

 

„На сите граѓани кои го слават денешниот празник, им ја честитам домашната слава ‘Свети Никола’ и им посакувам добро здравје, среќа и радост“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Инаку Прилеп стана позната по својата слава по тоа што во 2008 година влезе во Гинисовата книга на рекорди со подготвени 80.000 мали посни сарми токму за овој ден. По повод празникот во Прилеп по 12-ти пат се одржува и голема хуманитарна акција, во сите цркви во градот се поставени специјални кутии за паричнии донации. Со собраните средства потоа ќе се купи храна и средства за хигиена за социјално ранливите категории граѓани.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи