ВИДЕО – Државата да воведи задолжителни екскурзии на основните и средни училишта до Куќата на Конески во Небрегово

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески УНЕСКО ја запиша во календарот за значајни јубилеи во светот за 2021-ва. Тоа е огромна шанса за уште една глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура ако се знае дека Конески е кодификаторот на современиот македонски јазик и еден од неговите најголеми чувари и бранители, кој на целиот свет му покажа дена нашиот јазик е различен од сите останати. Оваа годишнина доаѓа во момент кога Бугарија го негира Македонскиот јазик и тврди дека бугарски дијалект. По повод 99 годишнината од неговоро раѓање вчера се посети и неговата родна куќа во Небрегово.

 

 

100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески се случува во време на големи искушенија, но самиот Конески бил човек кој стамено стоел пред сите предизвици. Затоа овој јубилеј не треба да го сватиме како еден миг со кој ќе се присетиме на минатото, туку како поттиг за мудро надминување на противречностите за стамено чекорење кон иднината“, изјави Ирена Стефоска, министерка за култура.

 

Инаку Куќата на Конески е реконструирана и официјално пуштена во употреба како музеј на 1 август 2005 година. Главен иницијатор за изградба на овој спомен дом е прилепчанецот Миле Спирковски. Куќата во изминатиов период е посетувана од голем број посетители како од земјава така и од странство, но Спиркоски вели дека таа не е на задоволитено ниво. Според него државата треба да донесе решение со кое за основните и средни училишните ќе се воведат задолжителни екскурзии до Небрегово. Пример кој го спроведуваат сите држави, кога станува збор за модерните кодификатори на нивните јазици.

 

„Спомен Куќата во Небрегово да бидам искрен најмногу треба да биде посетена од учениците во основните иисредните училишта, нажалост проблем беше патот, но патот е веќе еве 4 години е преубав, посетата искрено кажано пак не е на тоа задоволително ниво на кое што треба да биди“, истакна Миле Спирковски, водич во Куќата на Блаже Конески.

 

Инаку в година, на 100 годишнината од раѓањето на Конески, се планира во Прилеп и Небрегово да се направи голема Меѓународна конференција.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи