ВИДЕО – Тутунарите повторно излажани – обвинуваат дека и покрај договорот пак нереално се цени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Тутунарите повторно излажани и покрај тоа што во петокот потпишаа договор со откупувачите декка ќе се зголемат цените на тутунот и откупната линија ќе биде пофлексибилна. Тутунарите велат дека на терен останувале истите проблеми, најголемииот дел од тутунарите не биле задоволни од откупните цени. Од Иницијативниот одбор ги повикуваат сите тутунарите кои не се задоволни од проценката истата да ја пријават до Второстепената комисија.

 

 

„Секој оној што смета дека му се цени нереално имаме најава од Министерот и тоа го кажа на состанокот, дека секој кутија која што ќе се оставии за до Второстепена комисија ќе се цении класа погоре. Ги охрабруваме сите кооперанти да ја оставаат до Второстепена секоја кутија која сметаат дека нереално му се цени. Само на таков начин може да извршииме притисок врз компаниите реално да го ценат трудот“, вели Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

 

Во четврток е закажана и средба со премиерот Заев од која очекуваат конечно решавање на проблемите. За утре се најавуваат притисок на пунктовите на Сокотаб, како единствен откупувач кој не се потпиша на договорот и другите откупувачи кои нема да ценеле реално. Ќе се спорат вагите и нивна блокада.

 

„Јас сакам уште еднаш да ги повикам поверениците да си ја работат работата за тоа за што се ставени на вагите. Секоја нереално ценета кутија да биде тргната на страна и да биде запрена за Второстепена комисија. Доколку некои проценители не скаата да оставаат за Второстепена комисија да биде повикан инспекторатот“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделци.

 

Во зависност од тоа дали ќе се постигне или не некаков договор во четврток на средбата со Премиерот тутунарите така ќе ги утврдат нивните идни чекори.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи