За една недела во Прилеп починале 20 лица од Ковид 19, а имало 210 нови случаи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 21 до 27 декември, во општина Прилеп имало 210 нови случаи на Ковид-19.

 

Од последици на коронавирусот починале 20 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 636. 478 лица се наоѓаат на домашно лекување, 72 на болничко, а 86 се лекуваат во дневната болница; на кислородна поддршка се наоѓа 41 пациент.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.188 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.137.

 

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 210 лицa.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи