Поевтинува екстра лесното масло за домаќинство – останатите горива со непроменети цени

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар по литар, а цената на останатите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).  Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 отсто.

 

Новата малопродажна цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 52,5 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 60,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 62,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53 денари за литар.

 

Со одлуката на РКЕ за 0,136 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,701 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи