ВИДЕО – Бришењето на спомениците мора да добие дозвола од мешовитата комисија, во спротивно е чин за осуда

 

Доколку во овој момент без никаква одлука на Собранието на РМ или одлука на советите на локалните самоуправи се започне со бришење на зборот бугарски од терминот „Бугарски фашистички окупатор“ од спомениците од НОБ ќе претставува кривично дело, но и да се донеси ваква одлука од надлежните органи, без тоа да го одобри Комисијата за историски прашања која што е формирана според Договорот за добрососедство со Бугарија би било чин за осуда. Ова е ставот на дел од правните експерти по најавите на премиерот Зоран Заев дека тој има намера да се започне со овој чин.

 

 

„Доколку на ваков начин локалните самоуправи или Собранието на РС Македонија одлучи да ги видоизмени текстовите на спомен плочите, останува, без постоење на конкретен заклучок на експертската комисија формирана согласно Меѓународниот договор со Бугарија, да си сносат одговорност, односно граѓаните сами да ценат. Ние можеме да правиме се, тоа е наша одлука, но во случајов без конкретен заклучок од Комисијата кој би не обврзувал нештото да го сториме сметам дека е чин за осуда“, вели Жарко Стеваноски, адвокат.

 

Единствен градоначалник кој засега јавно кажа дека нема намера да ги промени натписите на спомениците е само градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој вели дека немаме право да ја менуваме историјата, но и дека сепак не треба да се става знак на еднаквост помеѓу минатото на Бугарија и сегашноста.

 

„Ниту во еден момент не смееме ниту да помислиме, а камоли да отстраниме било каква спомен плоча во државата бидејќи тие се резултат на борбата на нашите предци. Воедно ниту пак да дозволиме да тоа го поистоветиме со реалноста која што е денеска. Денеска состојбата е сосема спротивна и не треба да се става знак на еднаквост помеѓу тоа што некогаш било или е денеска современа демократска Бугарија. Јас се уште стојам на тој став и не постои сила која ќе ми го промени ставот или било какво тврдење, освен силна елборација на истото“, вели Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

 

Став по ова прашање како тие ќе постапат побаравме и од Општина Прилеп, Град херој, каде започнало антифашистичкото востани и каде има голем број споменици со вакви натписи, но од Општина Прилеп само кусо одговорија дека тие не биле надлежни за надворешната политика која во моментов ја водела Владата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи