Со љубов кон планетата Земја

Ајде да растеме здраво (втор дел)

 

Важноста на градинарството не може да се потцени бидејќи придонесува за зачувување на инсектите и биодиверзитетот. Покрај придобивките од животната средина, градинарството има голем ефект врз децата, т.е. учениците од раните години, бидејќи тие поминуваат низ физички, емоционален и социјален развој. Еве неколку активности и вештини кои градинарството може да ги развие кај учениците, преку нови вештини до подобри научни перформанси:

 

  • физичка активност;
  • одговорност и независност;
  • самодоверба;
  • тимска работа и комуникација;
  • писменост и бројност;
  • зголемени знаења од природните науки;
  • здрав начин на живот;
  • свесност за животната средина.

 

Наставниците можат да ги искористат овие придобивки преку активностите што ги водат на училиште како што се:

 

Плевење и наводнување

 

Градинарските задачи како плевење и наводнување на растенијата и зеленчукот се шанса учениците да ги користат виталните моторни вештини. Тие се, исто така, активности што промовираат одговорност.

 

Гледајќи ги плодовите на нивниот труд

 

Постигнувањето на целите им овозможува на учениците да станат посамоуверени, поотпорни и независни, бидејќи гледаат како нивната материјална работа се материјализира, особено кога се во можност да уживаат во храната што ја одгледале.

 

Уште повеќе, садењето и одгледувањето храна им нуди на учениците можност да научат за исхраната. Тие, исто така, може да бидат поподготвени да пробаат нов зеленчук доколку одгледуваат свој, па тоа може да поттикне и поздрав начин на живот.

 

Работа рамо до рамо

 

Училишното градинарство значи дека учениците ќе комуницираат и работат како тим кон постигнување на заедничка цел. Ова може да доведе до развивање на поголема почит и ценење еден на друг.

 

Тимската работа може да се практикува од самата припрема на жардиниерите/градините, па сѐ до берба и консумирање на производите. Секој тим може да преземе одговорност за дел со различен вид зеленчук.

 

Поголема соработка помеѓу наставниот кадар

 

Исто така, градинарството е одлична можност за отворени, опуштени дискусии во училиштата помеѓу наставниот кадар. Тоа е затоа што е докажано дека е многу полесно да имате пријатни разговори кога сте окупирани со некаква активност, отколку да седите формално, лице в лице.  Па, со тоа постои можност за тимска работа и помеѓу наставниците.

 

 

Практични активности

 

Практичната природа на градинарството значи дека учениците стануваат силни, активни деца.

 

Една придобивка од наставата преку градинарството е дека учениците ќе развијат способност да извршуваат задачи додека учат, станувајќи флексибилни со своето размислување. Тие ќе ги решаваат проблемите, прилагодувајќи се на новите предизвици презентирани од природата.

 

Овој испитувачки и наградувачки пристап кон учењето може дури и да ја подобри концентрацијата во училницата.

 

Понатаму, децата ќе научат за животната средина и одржливоста. Тие можат да научат за инсектите и како тие влијаат на развојот на растенијата и зеленчукот. Конечно, со активности за компостирање за деца, лесно е да ги научите да ја сакаат својата планета.

 

Продолжува…

 

Пишува: м-р Гоце Бумбароски, наставник по одделенска настава и член на Слоу Фуд Прилеп

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи