ВИДЕО – Ајде да помогнеме 12 годишниот Матеј Алексоски од Прилеп да застане нормално на нозе

Потребни се само 4.000 евра 12 годишниот Матеј Алексоски од Прилеп да застане нормално на нозе. Матеј боледува од церебрална парализа. Годинава во јуни руски лекари, кои доаѓаат во клиниката во Чуприја, во Србија, го направија ласерска операција на левата нога, која заедно со постоперативниот третман на бањи чинеше околу 7.000 евра, пари кои неговите родители ги немаа и се собраа преку донации. Сега за да 100% нормално му се врати одењето потребна е уште една операција која чини нови 4.000 евра.

 

 

„Ние сме 4 члено семејство, се издржуваме само со мојата плата и од тутунот. Затоа апелирам, барам помош за да се оперира Матеј повторно. Затоа што со една плата не се издржува. Претходно Матеј со левата нога газеше само на прсти, сега ногата се спушти на некое ниво. За да не дојде со искривување на колкот Матеј треба сега повторно да се оперира во Србија“, рече Тања Алексоска, мајка на Матеј.

 

Оваа операција не ја покрива Фондот. Се правел операција и кај нас пред 5 години, но таа била неуспешна. Како и првиот пат голема помош околу собирањето на средствата добива од здружението „Надеж за сите“ од Прилеп.

 

„Повторно упатуваме апел до сите граѓани и фирми. Матеј мора да направи уште една операција Потреби се 4.000 евра вкупно, каде спаѓаат операција, превоз, патни трошоци, сместување, Ковид тестови и планирано е операцијата да се изврши некаде во месец март“, кажа Билјана Глигорова, членка на здружение „Надеж за сите“.

 

Бидејќи како семејство се тутунари со парична помош им помогна и членот на Иницијативниот одбор на тутунарите Игор Мирчески. Ги повика сите хумани луѓе и тие да донираат.

 

„Да се одважат и тие да дадат еден придонес, тоа е за нив малку, но за ова семејство и ова дете тоа значи многу. Ги повикувам сите во рамките на своите можности да не остават вакви случаи да бидат заборавени туку да се помогне“, изјави Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

 

Ова е жиро сметката за донации – 2000019922069107 Стопанска банка А.Д. Скопје, во сопственост на неговата мајка Тања Алексоска, а може да ги контактирате и на телефонскиот број 076-665-146.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи