ВИДЕО – После Нова Година тутунарите ги повлекуваат поверениците од вагите и ќе го стопираат откупот

Докопку откупувачите не ја зголемат цената и не започнат со реална проценка на тутунот после Нова Година тутунарите ги повлекуваат поверениците од вагите и со тоа ќе го стопираат откупот во цела Македонија. Велат дека од многубројните ветувања и средби со откупувачите, Министерот за земјоделстви и Премиеирот не се реализирало ништо. По празниците имаат закажано и нова средба со премиерот Заев.

 

 

„Доколку нема решение на таа средба, како и досега, секоја нереално преценета кутија да се запира за второстепена комисија и комисијата да излегува и тоа го решава. Како што вика Законот, доколку на едно место на еден проценител доколку му се направи запирање за второстепена комисија од три пати и се процени на тутунопроизводителот 50% погорна класа, на тој проценител треба да му се одземе лиценцата“, истакна Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

 

Тутунот се ценел класа подолу, а доказ за незадоволството било тоа што лани ова време биле откупени 18 милиони килограми со просечна цена од 220 денари, а годинава до денес откупени се само 4,5 милиони килограми со просечна цена од 167 денари или скоро едно евро помалку за килограм. Тутунаите велат малку недостасувало ситуацијата да излези од контрола.

 

„Да запре овој грабеж кој се случува во моментов, бидејќи се цени класа подолу луѓето се изреволтирани и изманипулирани. Мака мачат како да дојдат до откупните пунктови, динамиката е со лош интензитет и откако ќе излезат со пресметките не знаат што да прават со тие бедни класи во 3 и 4 класа. Примерот јавно да излези на медиум, на телевизија и да кажи како мисли да го реши проблемот со тутунарите, овој проблем ќе трае и понатаму“, вечи Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

 

По средбата со Заев ќе се знаело дали проблемот ќе се реши или пак ќе се продолжело со нови блокади на патиштата и откупните пунктови.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи