ВИДЕО – Драмската секција „Слободно театарче” при СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп подготви онлајн комедија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

По повод Новогодишните и Божиќните празници, Драмската секција ,,Слободно театарче” на СОУ,,Ѓорче Петров” Прилеп подготви онлајн комична претстава, насловена како ,,Корона тајмс”. Текстот и сценариото е на Филип Стојаноски, а режијата на менторот Билјана Тинтоска.

 

Пробите и снимањата се реализаа онлајн. Монтажата е на Дарио Волнароски. Улогите ги толкуваатуваат: Филип Стојаноски, Теона Крстеска, Сања Дамеска, Фросина Трајкоска, Фросина Петреска, Илија Кулески, Теодора Велкоска, Леонид Момироски, Василиј Пенков, Џеладин Шериф, Ангела Кочоска, Бојан Гиноски, Ѓорѓи Ацески Печијарески, Марија Недеска, Лидија Макалоска, Ирина Јованоска, Христијан Паноски, Фросина Конеска.

 

„Членовите на секцијата покажаа дека на човекот му треба волја, желба и труд за да ги надмине сите предизвици. Драги наши, наместо честитка – комична онлајн претстава, со искрени желби за љубов, мир и здравје. Живееме сега и се трудиме од она што го имаме, дури и од она што го немаме, да направиме најдобро што можеме. А вам – да ви измамиме насмевка и да ви подариме радост. Драмската ги обединува сите генерации наши ученици. Посебна благодарност кон Филип Стојаноски и Дарио Волнароски, за ентузијазмот и поддршката. Среќни празници“, велат од драмската секција ,,Слободно театарче”.

 

Погледнете ја тука целата претстава.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи