ВИДЕО – Првото бебе во 2021 во Прилеп е женско, мајката е Ангелка Ѓорѓиева

Ангелка Ѓорѓиева е мајката на првото родено женско бебе во Прилеп во новата 2021 година. Ова е нејзино второ дете. Бебето се родило тешко 2.950 грама, во 9.35 минути утринава. Девојчето ќе се викало Инес. Ѓорѓиева истакна дека при породувањето поминала добро, се заблагодари да целиот тим на  прилепска гинекологија и на сите граѓани им ја честиташе Новата 2021 година.

 

 

Да ви биди на сите среќна и бериќетна Новата година, поминавме прекрасно, презадоволна сум од тиимот со кој што соработував, докторката, бабицата, сестрата, целиот тим, поминавме лесно, дај Боже да биде така и оваа година лесна ии само убави работи“, истака Ангелка Ѓорѓиева е мајката на првото родено бебе во Прилеп

 

 

И од тимот на гинокологија кои биле дел од породувањето на Ѓорѓиева посакаа што побрзо да ја заборавиме 2020 година.

 

Му посакувам на сите граѓани да се чувствуваат посреќно, да имаат поубави моменти и пред се да имаат здравје и еве ја испративме 2020 година и никогаш да не се повтори“, рече Ана Ѓорѓиеска, педијатар.

 

„Им посакуваме на сите убава година, да ја заборавиме старата 2020, во новата 2021 да биде се во ред, Ковидов да го испратиме побрзо“, кажа Весна Мијакоска Кочова, гинеколог.

 

 

Инаку кога станува збор за пандемијата од прилепската болница истакнаа дека бројот на заболени полека започнал да се намалува и токму поради намалениот обем на работа се затвора и еднииот Ковид центар кој се наоѓаше во едното крило на гинекологија. Сега како Ковид центри остануваат само очно, ушо, еден крак на интерното одделение, и инфективно.

 

„Полека, полека притисокот на пациентите врз Ковид одделите се намалува. Бројот на лежечки пациенти е исто така намален во голема мера. Од 120 пациенти, сега имаме само 70 лежечки пациенти. Во Ковид одделот во ушно оддеение, во утринските часови починал еден пациент, а уште двајца се наоѓаат во потешка состојба за кои персоналот максимално се грижи околу нивното лекување“, изјави Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

Поради тоа што годинава немаше организирани прослави за новогодишната ноќ немало ниту хоспитализирано граѓани во алкхолизирана состојба, а не биле регистрирании ниту други поголемии инциденти.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.