Здружението „Маркови Точакџии“ ја отвори сезоната со традиционалното качување на „Тапанче“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Здружението на велосипедисти „Маркови Точакџии“ од Прилеп ја отвори сезоната со традиционалното искачување на највисокиот врв на Маркови Кули – „Тапанче“. Ова е втора година по ред како се спроведува оваа акција.

 

„Оваа традиција како Здружение ја воспоставивме лани да секој прв викекнд во новата година се искачуваме на врвот „Тапанче“. Денеска се собравме околу 20 мина, а броиме околу 40 активни членови. Вкупно кај нас членуваат околу 100 велосипедисти кои повремено или постојано се дел од нашите тури. Со оваа тура денеска официјално ја отвораме сезоната за 2021 година. На сите им ја честитаме Новата 2021 година“, истакна за Инфо Компас, Филип Илиоски, здружение „Маркови Точакџии“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи