ВИДЕО – Во Прилеп одбележана годишнината од смртта на Мирче Ацев-учениците од гимназијата изработија краток филм за Ацев

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Денеска во Прилеп се одбележаа 78 години од смртта на народниот херој Мирче Ацев, а по тој повод учениците од прилепската гимназија, чиј патрон е токму Мирче Ацев, изработија краток филм за неговиот лик и дело.

 

 

На денешен ден, 4 јануари 1943, во Скопскиот затвор, по повеќеднево сурово мачење без судски процес од страна на бугарската полиција се убиени македонските синови Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Наjпрво умира Страшо Пинџур, а истиот ден поради тоа што не кажал ниедно име и не предал никого, убиен е и Мирче Ацев.

 

Кога Мирче Ацев бил однесен на погреб во Прилеп, кога неговите блиски го виделе искасапеното тело,станал голем револт

 

Бугарските окупатори кога виделе колкав е револтот кај Македонскиот народ од погребот на Мирче Ацев, никогаш не го покажале телото на Страшо Пинџур, и до ден денес не се знае неговиот гроб.Мирче Ацев (роден во с.Ореовец прилепско 20 октомври 1915 – Скопје 4 јануари 1943) — македонски револуционер учесник во НОВ. Прогласен за Народен херој 1945.

 

Мирче Ацев е израснат во револуционерно семејство и неговите предци во неколку генерации дале борци за националното ослободување на македонскиот народ. Името го добил по стрико му Мирче Ацев, војвода од времето на османлиското владеење во Македонија. сестрата Вера Ацева исто така учествувала во НОВ и е прогласена за Народен херој на Југославија во 1953 година.

 

На 4 јануари 1943 г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како последица на силните измачувања, умрел Страшо Страхил Пинџур (3 март 1915 Ваташа – 4 јануари 1943 Скопје)

 

Истата вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г. каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.

 

Освен Гимназијата својот патрон денеска го одбележа и прилепската касарна.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи