Камионџија од Крушево починал во Холандија – се собира помош за транспорт на телото

 

 

54-годишниот крушевчанец Тодор Горгиески, кој работел како камионџија, починал во саботата во Холандија.

 

На социјалната мрежа Фејсбук е објавен линк преку кој се бараат донации кои се потребни за транспорт на телото во Македонија како и помош за семејството за останатите трошоци.

 

„Драги пријатели и колеги, да ја покажиме уште еднаш нашата хуманост и солидарност кон семејството на нашиот колега: Тошо Горгиески од Крушево, кој ненадејно почина во Холандија. Да се здружиме и да помогнеме на фамилијата со екстремните патни трошоци за телото на нашиот драг колега“, стои во објавата.

 

И градоначалникот на Крушево, Томе Христоски истакна дека општината ќе помогне финансиски за транспорт на телото.

 

„Ние ќе помогнеме финансиски исто така, сумата се уште не е утврдена, но ќе биде позната во наредните денови. Тука се и сите спортски организации, комуналното претпријатие, сите хумани граѓани“, рече Христоски.

 

Доколку сакате да донирате ТУКА!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.