Лекот за Ковид-19 „Ивермектин“ од наредната недела во аптеките и болниците

 

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Љирим Шабани, најави дека до крајот на оваа или на почетокот на другата недела во државава ќе стигне лекот „Ивермектин“, кој ќе се користи во лекувањето на заболените од Ковид-19.

 

Шабани посочи дека ги одобриле сите барања кои ги имале од болниците и веледрогериите кои исполниле услови.

 

„Дадовме одобрение за увоз и останува на компаниите на фармацевтските куќи кога ќе можат да го донесат лекот. Ни најавија дека има полициски час во неколку држави и дека тешко ќе биде за неколку дена да стигне лекот. Најверојатно ќе стигне или крајот на оваа недела или на почетокот на другата недела, односно после Божик кога ќе бидат слободни патиштата за транспорт. Ние ги завршивме сите административни проедури и сега прашањето е техничко кога ќе можат тие физички да го донесат, имајќи предвид дека има лок даун во неколку држави заради празниците. Како и да е за скоро ќе биде. Верувам дека за недела дена или за десет дена ќе го донесат“, вели Шабани за МИА.

 

Стручна комисија формирана од министерот за здравство Венко Филипче даде позитивно мислење за лекување на пациенти со ковид-19 со „Ивермектинот“. Овој лек дава голема надеж во третманот на пациентите со коронавирус, затоа што кај тие што го користат дава подобрување дури и по неколку дена од првите симптоми на болеста, и ја намалува смртноста.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.