МТСП: Од утре исплата на парите за социјална, детска и цивилна заштита

 

 

Од утре, 5 јануари започнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита за декември 2020 година, информира Министерството за труд и социјална политика.

 

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот ковид-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

 

05.1.2021 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ

08.1.2021 (петок) – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш

 

Корисниците на парични права коишто имаат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 5 јануари 2021 година, велат од МТСП и потсетуваат на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.