Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Дојран 31 литар на метар квадратен. Во Струмица наврнале 27 литри, во Демир Капија 23, Берово 21, Прилеп 15, во Битола и Штип по 12 и во Скопје пет литри, соопшти УХМР.
Температурата изутринава секаде е над нулата. Најстудено е во Крушево еден степен, а најтопло во Дојран 12 степени Целзиусови.
Облачно со врнежи од дожд ќе биде и денеска. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови (локално над 30 л/м2) каде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе се зголемува. До крајот на денот почнувајќи од запад врнежите ќе престануваат и облачноста делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.