245 фирми добиле државна помош, а не исплатиле плати – од нив 13 се од Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Владата го објави списокот на фирми кои земале државна финансиска помош за минимална плата, но не ја исплатиле на своите вработени. Од нив 13 се од Прилеп.

 

Според УЈП, 245 фирми не ги испочитувале дадените средства, а што е уште полошо 782 вработени останаа без пари на сметките пред новогодишните празници. “Газдите” на компаниите си ги задржале за себе.

 

На списокот што е објавен меѓу фирмите кои добиле најмногу пари како финансиска помош од Владата се „Печатница Напредок ДООЕЛ” од Тетово со 831 илјади денари примена владина помош; потоа „Бал-комерц Благоја и Луиза ДОО Скопје”, на која ѝ биле дадени 758 илјади денари; „Супер шуз-MБ ДОО” од Студеничани” со добиени близу 633 илјади денари; потоа „Амарета ДООЕЛ” од Штип – 430 илјади денари; „Тритерол увоз-извоз” од Струмица која фирма инкасирала близу 367 илјади денари; „ИЗИ Холдинг ДООЕЛ” од Струга – близу 272 илјади денари; „Напредок 1 -ДОО” од Тетово на која фирма и биле дадени 271 илјади денари; ресторан „Гарден ДОЕЛ” од скопско Глумово на кој му биле дадени 191 илјада денари финансиска помош од Владата за исплата на плати на вработените.

 

Директорката на Управата за јавни приходи Сања ЛУкаревска најави дека УЈП за една недела треба да ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени, а примиле државна помош.

 

Целиот список може да го погледнете ТУКА!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи