ВИДЕО – Познатиот кавадаречки Дедо Мраз, Ѓорѓи Варелоски, му подари пакетче и парични средства на Матеј од Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Ѓорѓи Варелоски или познат уште како кавадаречкиот Дедо Мраз веќе 23 години за време на празниците го претставуваат еден од најпопуларните ликови за децата. Досега од свои сопствени средства за 23 години има поделено околу 20.000 новогодишни пакетчиња. Освен што дели новогодишни поклони тој поканува деца од цела Македонија, ги шета во фирмите во Кавадарци, им дава ручек, ги забавува и на крајот од денот ги носи дома да го видат неговиот двор, кој го нарекува Дизниленд. Вели дека желбата да помогне на некого и да го израдува ја наследил од своите родители кои исто така биле многу хумани.

 

 

„Помагаа на сите, им позајмуваа пари, со враќање – кога имаш тогаш. Кој и да дојдеше во нашата фамилија без разлика на нација и вера беше добредојден и никој никогаш не беше вратен. На сите им беше дадено дали тегленце пинџур, слатко, пари, алишта, сите беа добредојдени“, вели Ѓорѓи Варелоски, кавадаречкиот Дедо Мраз.

 

После сторијата на Инфо Компас денес Варелоски го посети и 12 годишниот Матеј од Прилеп на кого му се потребни 4.000 евра за втора операција на ногата за да може ниормално да оди. Му подари пакетче и парични средства.

 

„Без разлика на средствата еве нешто од Дедо Мраз и што побрзо да почнеш да одиш и да трчаш. И да дојдиш кај вистинскиот Дедо Мраз во Кавадарци“, дидаде Варелоски.

 

Од семејството на малиот Матеј упатија благодарсност за ова изненадување на Дедо Мраз и се заблагодарувата на сите кои досега помогнаа.

 

„Голема благодарност до сегашните донатори. Започнаа да се собираат парите за Матеј“, истакна Игор Алексоски, татко на Матеј.

 

Варелоски вели дека секој од нас може да развесели некого и тоа може да го направи дури и со мали нешта. Упатува порака сите колку што можеме да им помогнеме на тие кои немаат.

 

„Со 100 денари човек може да биде среќен и весел бидејќи ако и тие 100 денари ги поделиш со еден наместо да изедеш 2 чоколади или било што друго, ќе го поделиш тоа со друг па ќе има по едно и за едниот и за другиот. И сепак кога човек има друштво помеѓу себе и пријатели тоа е најголемото богатство“, истакна Варелоски.

 

Инаку ова е жиро сметката за донации – 2000019922069107 Стопанска банка А.Д. Скопје, во сопственост на неговата мајка Тања Алексоска, а може да ги контактирате и на телефонскиот број 076-665-146.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи