Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 115 нови случаи на Ковид-19, од последици на коронавирусот починале 4 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 462, а на болничко лекување се наоѓаат 70 пациенти.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.261, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 214 лицa.
