ВИДЕО – Прилепчанец од Швајцарија обезбеди 20 неинвазивни респиратори за прилепската болница вредни 200.000 евра

Прилепчанецот Дејан Аџиоски, кој веќе подолг период живее во Швајцарија, обезбеди донација од 20 неинвазивни респиратори за прилепската болница. Донацијата вреди околу 200.000 евра. Неговиот дедо починал лани од Ковид 19 во прилепската болница каде и Аџиоски лично присуствувал и ги увидел проблемите со кои се соочува оваа установа. Кога се вратил во Швајцарија веднаш стапил во контакт со фирмата BCD Microtechnique“ на Седрик Паху која и ги произведува овие респиратори и сопственикот веднаш одлучил 20 од нив да донира за Прилеп. Аџиоски ја повикаа целата наша дијаспора да донира во овие кризни моменти.

 

 

„Ќе продолжиме со вакви проекти, со вакви акции да донираме, да правиме мостови и да ги мотивираме и другите Македонци во светот да преземаат вакви акции во овој критичен момент на Ковид“, истакна Дејан Аџиоски, донатор на респираторите.

 

Од Општината и болницата велат дека овие респиратори многу ќе помогнат во лекувањето на болните од Ковид 19 кои имаат потешка клиничка слика.

 

„Знаејќи дека нашиот град е еден од градовите што има најголем број на заразени и хоспитализирани болни, па во таа прилика оние апарати и тоа како ќе им бидат потребни“, рече Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

„Респиратори, вентилатори кои ни се многу битни во лекувањето на оние пациенти кај кои сатурацијата со кислород е ниска“, додаде Драган Богоески, директор на прилепската болница.

 

Во моментов во Прилеп намален е бројот на лежечки пациенти, има 69 хоспитализирани, од кои 70% се на кислородна поддршка. За 1/3 намален е и бројот на амбулантски прегледи. Но сепак инфектолозите за брзо очекуваат да имаме благо покачување на бројката поради празниците.

 

„Ако граѓаните добро се придржувале до мерките оваа бројка ќе остане таква каква што е, но јас сметам дека ќе има мало зголемување после едно максиумум 14 дена после празниците“, истакна Мирјана Крстеска, раководител на иинфективно одделение.

 

Инаку Аџиоски вели дека ова е негова прва, но не и последна донација и дека во наредниот период ќе се потруди да обезбеди и друга неопходна медицинска опрема за болниците во Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи