Пандемијата со корона во Прилеп полека се смирува, 115 нови случаи во изминатата седмица

 

 

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 115 нови случаи на Ковид-19, од последици на коронавирусот починале 4 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 462, а на болничко лекување се наоѓаат 70 пациенти.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.261, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 214 лицa.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи