ВИДЕО – Интензивно се градат одводни канали за спречување поплави во општините Mогила и Малиќ

Интензивно се работи на изградба на одводните канали, во Општина Могила во селата Будаково и Трап. Како и во Општина Малиќ, во селата Волочишта и Дритас. Селата честопати се изложени на поплави. Последните големи поплави се случиле 2016 и 2017 година.

 

 

„Со конструкција на канализациската мрежа ќе се обезбеди одводнување на постоечките атмосферски води и заради тоа е предвидено да се изгради колекторски систем од армирано-бетонски трапезни канали со вкупна должина од околу 3 км. Значи ќе оди еден колектор, главен колектор и 5 приклучни краци, на тој начин ќе се обезбеди комплетно одводнување на предвидената површина“, Николче Ѓуроски, градежен менаџер на проектот.

 

„2017 година сега каде што сме тука во дворот беше поплавено и бавчите, околу 40-50см. Не можевме од вода, од поплави, да влеземе во куќите, имаше голема штета, сега со овие каналите нема да се повтори“, вели Емретин Салиевски, жител на село Будаково.

 

Крајната цел е да се одведат водите во веќе постоечките поголеми одводни канали. Се градат и мали мостови преку каналот за пристап до куќите во селата.

 

Овој канал ги исфрла сите површински води од селото Волочишта. Изградбата на овој канал се прави со цел да не се појавуваат затнувања и вишокот вода да се одлива во главниот канал“, истакна Илир Исламај, градежен менаџер на проектот.

 

„Поради природните услови, за време на поплавите што се случија во 2016 година, ова место беше многу поплавено пред 4-5 години. И сега, фала му на Бога, изградбата на овие дренажни канали кои поминуваа тука е многу добра работа“, рече Сотирач Мучолаи, жител на село Волочишта.

 

Се настојува каналите да одат покрај патиштата. Со тоа освен што би се избегнала опасноста од поплавување на куќите и нивите, туку би се обезбедило и дренирање на самите патишта. Крајни корисници на проектот ќе бидат 70.000 луѓе, во Општините Могила и Малик.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.