10 години од „Прилеп – Стари Фотографии“ – на www.oldprilep.com објавени 20.450 фотографии

Драги пријатели, на денешен ден пред точно 10 години ја поставивме првата фотографија на ФБ профилот (денес Фан страна) „Прилеп – Стари Фотографии“ со што го означивме почетокот на едно убаво дружење со фотографиите од нашиот град Прилеп.

 

Пред 9 години успеавме со надчовечки напори да ги пребродиме сите предизвици, и со само-финансирање да ја создадеме веб страницата www.oldprilep.com , која од идеја прерасна во прекрасен медиум со одлична заедница, медиум кој успеа да ги надмине проблемите и да биде пример за одлична соработка со секој добронамерник.

 

Иако мал тим успеавме да изградиме одличен и почитуван медиум кој има што да каже и да покаже, а притоа останавме имуни на секакви партиски и националистички притисоци.

 

Особено се гордееме за пријателствата кои ги надминаа тастатурите и продолжија и надвор од сајтот и ФБ профилот „Прилеп – Стари Фотографии“.

 

До денес на веб страницата www.oldprilep.com имаме поставено точно 20.450 фотографии, разместени тематски и хронолошки во 1531 постови.

 

Неизмерно сме благодарни на сите кои ни помогнаа… Посебено на Фото „Зрак“, Емил и Милан Димкар, Димче Чалата, Горан Ристески, Душко Апостолоски, Јане Дамески и многу други (Се надеваме дека нема да замерат што не ги спомнавме) кои несебично ни ги отстапија домашните фото архиви.

 

Во иднина планираме да продолжиме со исто темпо…

Поздрав…

Среќни празници…

Од Администрацијата на ПСФ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи