Секогаш кога ќе има поголеми количини на врнежи и вода на површина излегува целата наша негрижа кон природата. Ова е Дабнички канал кој се влива во Градската река. Тони пластика, кебиња, јоргани и друг отпад пловат по водата.
Видеото е превземено од нашиот сограѓанин Владимир Маркоски. Ова е срам и брука како за властите, така и нашите граѓани чија еколошка свест е буквално на нула и фрлаат ѓубре каде ќе стигнат.
Овде би ја повториле онаа позната реченица : „Народ со ваков однос кон природата, нема потреба да се грижи за својата иднина – затоа што ќе ја нема“.
