Од 4 до 11 јануари во Прилеп имало 122 нови случаи на Ковид-19, а починале 7 граѓани

Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 4 до 11 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 122 нови случаи на Ковид-19.

 

Од последици на коронавирусот починале 7 лица.

 

Бројот на активни случаи изнесува 357. 58 лица се наоѓаат на болничко, 299 на домашно лекување, а 43 се лекуваат во дневната болница. На кислородна поддршка се наоѓа 41 пациент.

 

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 432 лица.

 

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.383.

 

Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 221 лицa.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.