ВИДЕО – Тутунарите оптимисти, но скоро никој и да не зборува за цена туку само за откуп на вишок и зголемување на динамика на откуп

Тутунарите оптимисти после вчерашната средба со откупувачите и министерот за земјоделство. Но полека како и никој повеќе да не зборува за цената, за што и всушност започна целото незадоволство. Сега акцентот повеќе се става на тоа да се зголеми динамиката на откуп и да се откупи вишокот.

 

 

„Ако е со оваа динамика како што се откупува во овие 2 дена ќе се откупи тутунот до крајот на законскиот рок до 15 февруари. А после тоа да се откупува випокот на тутун“, истакна Тони Ангелески, Иницијативен одбор на тутунари.

 

„На денешниот ден откупот течи секаде, динамиката е зголемена. Се земаат доста кутии“, рече Менде Стомнароски, претседател на Здружение на земјоделци.

 

Но проблем е тоа што не се знае колку вишок на тутун има точно. Се претпоставува дека има од 2 до 4 милиони килограми вишок, односно тутун без договори. За да се откупи сега истиот треба да се пријави во подрачните единции на миниистертсвото за земјоделство.

 

„Ние ќе провериме дали тие земјоделци имаат некаде неисполнет договор. И така ќе ја имаме реалната слика на вишок на тутун. Вишокот на тутун, како што земјоделците си имаат договор така тој договор ќе им биде продололжен и ќе им бидие откупен вишокот“, вели Зоран Пачешкоски, раководител на подрачна единица на МЗШВ во Прилеп.

 

Државата, односно Тутунскиот комбинат од Прилеп ќе ги преземе договорените 440 тони за кои една од откупните компании не успеа да обезбеди средства.

 

„Значи од идната недела ние ќе направиме план како на нашите откупни ваги кои ги имаме во Радовишкиот регион, каде имаме 5 откупни пункта тие кооперантии да си го предаваат тутунот во Тутунскиот комбинат од Прилеп“, изјави Кире Станкоски, генерален извршен директор на ТКП.

 

Инау просечнатта откупна цена на тутунот е 167 денари, за разлика од лани кога беше 220 денари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.