ВИДЕО – Нарушени им се основните права, државата како газда не им дава плата, ниту им плаќа пензиско и здравствено осигурување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

50-тината вработени во државната компанија Еурокомпозит се оставени буквално на милост и немилост повеќе од 1 година. Фабриката не работи, а државата како нивни работодавец за 13 месеци им има дадено како плата само 14.500 денари. Повеќе од 1 година немаат здравствено осигурување, ниту пак им се плаќаат придонеси. Нарушени им се основните права како граѓани на ова држава. Велат дека се крајно разочарачи од односот на државата кон нив.

 

 

„Излеговме денеска повторно да види јавноста што се случува и дека повеќе немаме доверба во оваа власт. Се што досега имаат кажано, се имаат излажано. Живееме многу лошо. Дел од луѓето садеа по некое декарче тутун, гледаме и тој како поминува годинава, некои пак живеат само со платата на нивниот брачен другар, некои пак и мажот и жената работеа заедно тука, тешко нив. Стварно се наоѓаме во катастрофална состојба, на работ на егзистенција. Една година нас не нема побарано ниту директор, ниту Влада, ниту некој не прашал како сме, како живееме. Никој не се заинтересирал. Некои од колегитте пробаа да стапат во контакт со пратеници на власта и само ветуваат, оставете ќе биди, а кога ќе биди никој не знае“, вели Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

 

Последен пат имале средба со претставници на државата на 4 октомври 2020 година. Кога им беше кажано дека во буџетот на државата за 2021 нема пари за нив и дека ќе треба да ја чекаат 2022 година. Но никој од државата нема кажано како е можно некој да живее 2 години без плата и без здравствено осигурување.

 

„Немаме ниту здравствено, ниту пензиско осигурување, се си плаќаме на приватно. Значи во оваа пандемија ние си плаќаме се на приватно. И тие пари што ги имавме заштедено, нешто како секое семејство се ни е потрошено одамна“, додава Богданоски.

 

Државата исто така не ги исплати неисплатените придонеси од 2012 година до 2019 година, иако за тоа беше донесен и закон во октомври 2019 година кој излезе и во службен весник. Не им се платени ниту отпремнините на 150-тината вработени кои заминаа како технолошки вишок, а на секој сегашашен и поранешен вработен државата им должи по околу 4 до 5.000 евра за неисплатени плати. И за тоа пари во буџетот нема. Поради сето ова сега Еурокомпозитовци најавуваат тужби.

 

„За се изгледа има пари во државава, само за нас нема. За 2 милиони евра се работи, не се незнам колку пари и со тоа ќе се реши целиот проблем. И во краен случај ова е државна фирма, тие треба да ја сносат одговорноста за се. Единствено сега излезот го гледаме во тужба, не знаеме ниту таму како ќе биде, но друго чаре нема. Се обидовме со се и сешто, со блокади, со штрајкови, еве и вие не пратите скоро 4 години. И веќе се изморивме, остаревме на некој начин. Затоа тужбата ни е последна шанса“, велии Пеце Велјаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Велат дека иако не сакаат, тужбите им се последно решение, затоа што се крајно револтирани од односот на државата кон нив која постајано ги лажела. Со години се манипулирало со нив.

 

„По се изгледа ние сме заборавени од власта, отпишани, 2-3 години поминаа со ветување со средби бесконечни и незнам се прашувам што имаме ние, околу 200 мина, згрешено толку на пваа држава за да таа се однесува вака спрема нас. Значи едноставно не знаеме кој крај да го фатиме“, рече Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„Од премногу ветувања изглега премиерот се изгуби во тие многу ветувања, па јас би му препорачал да си вработи еден аѓутант и секое сабајле кога ќе отиде на работа да го советува се што ветил да исполни. Бидејќи нели го вети животот за цел народ. Сега можеби ќе му треба еден мандат да размисли што ветил, па после да започне да реализира. А за тоа време ни вети убав живот, а за да се реализира тој еве ќе ни донеси едно законче, секој од нас ќе си насади дома по 2 стебленца марихуана и цела Македонија има да рекреираме и сите да бидеме среќни и весели“, кажа Борко Томески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

„Ни беше ветено дека ќе ни видат платени барем придонесите, дека тоа е најлесен проблем, еве поминаа 3 години и кусур ништо од тие придонеси. Па ова нека биде едно потсетување за премиерот за тоа што ни го вети“, истакна Трајко Илиовски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Исто така засега да повидок нема ниту заинтересирано странски инвеститор за да ја купи фабриката, иако и тој неколку пати беше ветуван досега.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи