ВИДЕО – Како утринава се чествуваше празникот Богојавление во црквата Свето Благовештение во Прилеп

Пoради пандемијата оваа година МПЦ-ОА одлучи да го одложи положувањето на светиот крст во реките, езерата и базените. Но сепак како и секоја година по повод празникот Богојавление или Водици во сите цркви во Прилеп се одржа Света Божествена литургија која започна рано, во 04.00 часот утринава и која заврши околу 6.30 часот. Според традицијата веднаш по завршувањето на литургијата во дворовите на сите храмови се одржа и Богојавленскиот водосвет.

 

 

Како и секоја година најпосетена беше црквата Свето Благовештение или позната кај народот како Стара Црква. Граѓаните годинава запазувајќи ги протоколите за заштита од Ковид 19, носејќи маски, во дворот на црквата со себе носеа и гулаби кои во моментот кога се пееше тропарот за празникот тие ги пуштаат гулабите да летаат. Тоа е една интересна традиција која со векови опстојува во Прилеп.

 

Инаку гулабите се симболика на Светиот дух кој што според Светото Писмо во вид на гулаб слетал на реката Јордан во моментот кога Исус Христос бил крстен од страна на Свети Јован Крстител.

 

Верниците велат дека и покрај пандемијата, традициијата мора да се продолжи, нормално со запазување на протоколите добиени од страна на Комисијата за заразни болести.

 

После завршувањето на водосветот тука во дворот на црквата, претставници на свештенството од прилепското Архијерејско намесништво, без присуство на верници, за прв пат ги осветија и водите на прилепското вештачко езеро.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи