До денес 1608 земјоделци од Прилепско и Долнени пријавиле 1,5 милиони кг. вишок на тутун

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

1608 земјоделци од Прилепско и Долнени пријавиле 1,5 милиони килограми вишок на тутун, потврдува за Зелена берза Зоран Пачешкоски раководител на ПЕ на МЗШВ Прилеп.

 

Од петокот до денес  1608 тутунопроизводители пријавија вишок на тутун, кој до овој момент изнесува 1,5 милиони килограми тутун. Најголем дел од тутунопроизводителите се од Општина Долнени и од Прилепско. Пријавувањето се врши во одделена канцеларија во објакетот на ПЕ на МЗШВ во Прилеп според сите протоколи предвидени од здравстевните власти за заштита од Ковид-19“, вели Пачешкоски за Зелена берза.

 

Засега во ПЕ на МЗШВ не се донесени податоци колку тутунари вишокот на тутун го пријавиле кај поверениците на откупните пунктови за што претходно апелираше и претседателот на Сојузот на тутунарски здруженија Менде Стомнароски.

 

Извор : Зелена Берза

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи