Холандскиот амбасадор: И корупцијата е проблем за влез во ЕУ, не само Бугарија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Не е само Бугарија, туку и корупцијата е проблем за влез во Европската Унија, порача холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за порталот „Сакам да кажам“. Според Коп, овој процес не ја става Македонија во неправична позиција, туку напротив, тоа би требало да ја стимулира државата да ги преземе следните неопходни чекори на патот кој го избрала.

 

„Корупцијата е состојба на умот на целото општество, од корупцијата во јавните набавки, кронизмот и непотизмот на највисоко ниво, кај градоначалниците, судиите, па се до луѓето кои се подготвени да платат поткуп, оние кои носат шише виски кога одат на преглед кај доктор и оние кои во март носат подароци за учителките на своите деца. Постоечката корупција исто така води кон потреба за изнаоѓање на политички баланс при секое назначување на државна функција. На пример, тажно е дека дури и директорите на националните паркови се политички назначени. Мое силно уверување е дека луѓето не треба да се вработуваат заради политички баланс, туку врз основа на заслуги, отчетност и професионалност“, порачува Јон Коп.

 

Според Коп, не треба многу да се драматизира проблемот со Бугарија, бидејќи таа во тој спор е сама и останатите земји членки не се согласуваат со нејзините барања. Но, потенцира дека на патот за поминување на 35-те преговарачки поглавја со ЕУ ќе има многу семафори и дека на секој од тие семафори треба да се запали зеленото светло за да се продолжи понатаму. Апелира да се продолжи со реформите…

 

Целото интервју на: сакамдакажам.мк

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи