ВИДЕО – Во Прилеп започна изградбата на модуларната болница, се вработиле и нови 12 општи лекари и 10 сестри

 

Во Прилеп започна изградбата на модуларната Ковид болница во момент кога имам драстично намалување на бројот на заразени пациенти со корона вирусот и кога веќе се затвораат Ковид центрите во болницата, како оној на гинекологија и во интерното одделние. Додека пак кога беше пикот на болеста и лекарите мака мачеа каде да ги сместат болните, тогаш оваа болница ја немаше. Се уште не се знае кога таа ќе биде готова, а има капацитет за 32 пациенти. Во моментов во Прилеп има само 35 лежечки ковид пациенти.

 

 

„Освен соби за пациентите модуларната болница ќе содржи и амбуланта за прегледи, потоа ќе има и лабораторија и дел за ренген дијагностика. Оваа болница ќе биде наменета исклучиво за Ковид пациенти. Целта е инфективните одделенија да се ослободат од Ковид пациенти, да започнат да функционираат нормално како инфективни одделенија и со други пациенти кои се во доменот на инфектолозите“, вели Драган Богоески, директор на  Општа болница Прилеп.

 

Инаку во болницата биле примени нови 12 општи лекари и 10 медицински сестри, но се уште се немало размислувано дали ќе се вработува кадар кој е потребен за работа во модуларната болница.

 

„Во моментов немаме размислувано за тој дел доколку има потреба од персонал тогаш ќе се организира со можностите кои ни се дадени на располагање, со ангажирање со договори, нов персонал или со ротација на веќе постоечкиот персонал“, додаде Богоески.

 

Сите пак волонтери кои беа примени да работат во болницата за време на ковид пикот сега се испуштени од работа. Нив плата им даваа приватни компании од градот, бидејќи болницата немаше правна можност да им плаќа. Но и пред пандемијата прилепската болница кубуреше со кадар, па не е јасно зошто не се направија напори да се вработат овие волонтери.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи