Брнабиќ: Вакцината на Фајзер се уште не е регистрирана во Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во интервју за „Happy Tv“, српската премиерка Ана Брнабиќ  кажа дека вакцината на Фајзер не е регистрирана во Македонија и дека тие во моментот помагаат за да се регистрира.

 

„Ние имаме договор, премиерот на Македонија Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ разговараа. Вучиќ одлучи да им помогнеме со 8.000 вакцини. Помагаме вакцината на Фајзер да се регистрира во Македонија, работиме со нив. Проблем може да биде тоа што тие добија вакцина од Фајзер, но се уште не е регистрирана. Не е поентата само да се купи вакцината, постојат уште многу работи како регистрација од страна на релевантна агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји која има адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцина, се е транспарентно. Слушав приказни од луѓе од други земји каде што кажуваат дека немаат претстава како да се пријават, кои им се приоритетни групи“, кажа Брнабиќ.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи