Светско првенство во змајарство ова лето во Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Започна пријавувањето за учество на Светското првенство во змајарство кое ќе се одржи во Крушево од 18 до 31 јули. По успешната организација на Европското првенство во змајарство во 2018-та година и Светското првенство ќе се одржи во Крушево.

 

Се очекува до 140 учесници да земат учество од репрезентации кои доаѓаат од целиот свет.

 

„Ова е одлична вест и јасно е дека ова лето натпреварите во змајарство и параглајдинг се враќаат во Крушево. Ги правиме последните подготовки и очекуваме ова лето овие меѓународни натпревари да донесат уште повеќе туристи.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи