Обновено: Дури 97 илегалци се приведени во Скопје, пријава за градежната турска компанија „Лимак“ и 15 фирми подизведувачи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Полицијата откри  и приведе илегалци, странци без регулиран престој и непријавена работа на градилиштето зад „Рамстор“ кај Стара железничка во Скопје. Првичната информација беше дека се откриени и приведени 50 илегалци, но вечерва од МВР известуваат дека се откриени и приведени дури 97 илегалци.

 

 

„Денеска во Скопје, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при БЈБ – МВР спроведоа контрола на градежни објекти на турската фирма „Лимак“  помеѓу булеварот ’Кирил и Методиј’ и улицата ’Јордан Мијаклов’ поради сомнение дека повеќе странски државјани непријавени работат на објектите и незаконски престојуваат во Република Северна Македонија. Притоа, на објектите биле затекнати околу 50 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.

 

 

„На објектите биле затекнати 97 странски државјани кои немаат регулиран престој и кои работат непријавени. Тие биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. Исто така, соодветни пријави ќе бидат поднесени против фирмата „Лимак“ и против 15 други фирми-подизведувачи“, известуваат вечерва од МВР.

 

 

Македонија е атрактивна за работа на „црно“ и ова не е прв пат да се затекнат илегални работници во државата. Податоците на Државниот инспекторат за труд покажуваат дека најмногу лица кои работат на „црно“ се во градежната индустрија. Како причина за тоа се спомнуваат странските градежни компании кои се ангажирани да работат кај нас. Полициските службеници продолжуваат со акциска контрола за откривање и законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето на целата држава.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи