ВИДЕО – Драган Богоески в.д. директор на новата установа „Општа болница со проширена дејност“

Се спојуваат Општата болница со Здравствениот дом во Прилеп. Со овој чекор државата очекува пред се да заштеди пари, но и да може во некои дејности да се покрие недостигот од медицински персонал. Според министерот Филипче ова досега се направило во неколку градови и имало позитивни резултати, особено во делот на покривањето на недостиг на кадар по системот на ротација.

 

 

„Прво се намалува администрацијата, се намалуваат членови на управните одбори. Конкретно од Прилеп очекуваме да се реши и проблемот со специјалисти и во некој од околните градови по системот на ротација. На пример верувам дека ќе се реши проблемот на немањето на гинеколог во Крушево. Понатаму очекуваме возилата за итна помош нивната употреба и бројка да биде по рационална“, истакна Венко Филипче, министер за здравство.

 

За в.д. директор на новата здравствена установа која сега се вика „Општа болница со проширена дејност“ е назначен сегашниот директор на болницата Драган Богоески. Според него Итната помош се планирала во иднина да биде сместена во болницата, а ќе имало и спојување на дел од техниичките служби.

 

„Постепено, како ќе се создаваат прилики дел од тие служби од Здравствен дом ќе се инкорпорираат во болницата се со цел прво да се намали дуплирањето на кадарот, дуплирањето на администрацијата и да се намалат просториите каде треба да се троши енергија, загревање и слично“, додаде Драган Богоески, в.д. директор на „Општа болница со проширена дејност“.

 

Пред да започне и спојувањето треба да се направии и анализа колкави се долговите на двете институции. Во моментов обврските само на болницата биле 30 милиони денари, а пред се се должеле на Ковид пандемијата, големиите трошоци и намалениот приход на установата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи