Засекогаш со нас и во нашите срца – одбележување на 40-ти роденден на Тоше со молитва утре во Загреб

 

 

Најголемата ѕвезда на Македонија, чија публика немаше граници, вечно непрежалениот Тоше Проески, во понеделник, на 25. јануари, ќе го прославеше својот 40-ти роденден. Сеќавањето на човекот, кој остави неизбришлива трага со своите дела, човечки и музички, меѓу обожавателите и пријателите низ целиот регион и пошироко, не згаснува ниту денес. Ниту Хрватска не го заборава нашиот најголем музичар кој често гостуваше таму. Пребогатата ризница која ја остави зад себе ќе не потсетува на неговиот талент и неговата мисија за ширење на љубов и скромност.

 

„Засекогаш со нас и во нашите срца, 25. јануари, 40-ти роденден на Тоше Проески! Оваа година, ден пред неговиот 40ти роденден, во недела на 24. јануари, по Светата миса во капелата „Роков перивој“ во Загреб, почнувајќи од 10:00 часот, со молитва ќе се присетиме на единствениот, уникатен и непреболен Тоше Проески“, стои во објавата на хрватската дискографска куќа „Хит рекордс.“

 

 

„Освојуваше со прекрасна насмевка и глас, но пред се, го красеше скромност. Секогаш нагласуваше дека најважно е љубовта да биде она што треба да ги движи луѓето“ велат од „Хит Рекордс.“

 

Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“ и засекогаш ќе остане запаметен како најголемото македонско духовно и материјално наследство. Вечна слава, голем човеку.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи