Македонци го „нападнаа“ Лидл во Врање

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

Откако се укинаа задолжителните тестови за ПЦР за македонски граѓани кои влегуваат на територијата на Србија, неколку туристички агенции  од Македонија, веднаш започнаа да организираат еднодневни патувања.

 

 

Според информации од Данас, вчера во Врање, кој е оддалечен околу 60 километри од Куманово и околу 100 километри од Скопје, била забележана голема фреквенција од македонски граѓани кои дошле со најмалку 5 автобуси.  Ова патување не вклучувало никакви организирани туристички посети, но македонците ја искористиле понудата од туристичките агенции за автобуски превоз во два правци за 350 денари.

 

 

Како што соопштува изворот, најголем дел од македонците се упатиле кон Лидл, каде во текот на целиот ден се направила невидена гужва.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи