ВИДЕО – Во Крушево одбележан 40-тиот роденден на Тоше

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Годинава поради пандемијата без пригодна музичка програма и други организирани настани, само со положување на цвеќе на неговиот гроб денеска во Крушево беше одбележан 40-тиот роденден на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески. Tрадиционално за сите посетители пак се делеше и торта. Имаше дојдено негови фанови и почиитувачи, како од Македонија така и од странство. Фановите велат дека една личност живее толку колку што таа ќе се споменува, а Тоше имал само датум на раѓање и ќе живеел вечно.

 

 

Ваква величина не се раѓа секкој ден. Вие во Македонија навистина може да бидете горди што сте го имале него. Но тој е светски, не е само ваш, тој е поголем од Крушево, од Македонија од целиот свет. Вакво нешто не се повторува“, вели Прислан Фуис, фан на Тоше од Хрватска.

 

„Тоше е вечен, ќе живее толку колку што ние ќе го споменуваме и ќе го носиме во нашите срца, а тоа ќе биде засекогаш“, вели Наум Капрически, фан на Тоше од Скопје.

 

„Многу ми е жал еве и сега треперам ккога го какжувам ова, имав прилика да бидам тука ии на неговиот погреб и сиите овие години кога сме во Крушево овој ден не го заборавам, доаѓам“, вели Јован Илиоски, посетител од Скопје.

 

Во октомври лани беше промовирано и неговото ново вечно почивалиште, кое за жал се уште треба да се доуреди за да добие технички прием.

 

„Има уште некои ситници кои треба да се надминат, објектот е во глобала веќе направен, карабината е направена. Ние тука сме и како надзор, се додека не се направи достоинствено спомен обележје како што заслужуваше нашата поп икона“, рече Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

И во време на пандемија минатата година неговиот Спомен дом го посетиле околу 15.000 туристи. Тој е ден од најпосетуваните музеи на Балканот кого досега од 2011 до денес го посетиле околу 650.000 гости.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи