ЏФМ: На тренерот од Прилеп уште лани му е одземена лиценцата за тренер и е исфрлен од Федерацијата

Во однос на последните информации за приведувањето на еден поранешен тренер по џудо, Македонската џудо федерација денеска излезе со следното соопштение кое го пренесуваме во целост.

 

„Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување на малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот.

 

Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располaгање на истражните органи.

 

Посочениот тренер не е одамна член на федерацијата, уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската џудо федерација, како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи.

 

Поради оваа дисциплинска постапка одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции, вклучувајќи и Агенцијата за млади и спорт“, се вели во соопштениието на Џудо федерацијата на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи