Кривична пријава против прилепчанец Д. С. (38) кој го оштетил буџетот со 185.000 денари преку измама и кредит од Агенцијата за вработување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

 

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава  против Д.С.(38) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање  кредит или друга погодност “ и против правно лице од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Измама при добивање  на кредит или друга погодност“.

 

 

Д.С. во текот на 2016 година, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист,  поднел апликација за активна мерка по Програмата и Пријавата за користење на грант согласено  условите од Програмата. По одобрување на апликацијата, основал фирма од Прилеп и склучил Договор со  Агенција за вработување и УНДП по кое искористил средства за  директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари, на штета на Буџетот на Република Северна Македонија, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во текот на 2019 година била ликвидирана.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи