Протест на прилепските сметководители пред УЈП

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилепските сметководители денеска спонтано се собраа на протест во знак на поддршка на нивните колегите од Скопје кои денеска протестираа пред Владата.

 

 

Како и останатите гранки, така и сметководствениот сектор беше силно погоден од пандемијата од Ковид-19. Голем дел од сметководителите заболеа, или пак беа во изолација, што го оневозможи нивното нормално функционирање, поради што извршувањето на обврските кон клиентите, но и кон државата воопшто е отежнато.

 

Поради тоа, но и како што велат поради нефункционалниот Закон за вршење на сметководствени работи и блокираниот Институт на сметководители и овластени сметководители повеќе од 3 години, упатуваат повеќе барања до Владата, со цел пролонгирање на законските рокови.

 

„Во неможност да присуствуваме во Скопје поради временските услови спонтано се собравме тука за да дадеме поддршка на барањата на нашиите колеги. Исто така бараме од Министерството за финансии да излезе што е можно побрзо со нов и функционален закон како би се средила целата ситуација со сметководствената фела бидејќи имаме доста нелојална конкуренција и досегашниот закон се покажа нефункционален во однос на нас бидејќи имаме само обврски и наметнати КПУ часови коии ионака ги посетувавме по сопствена потреба, но сега ни се задолжителни. Сите други работи кои се предвидени во законот, бидејќи Институтот моментално не ни функционира, кон нас не ни се исполнети.  Плаќаме членарини, часовите ги плаќаме итн. Бараме од Министерството за финансии што побрзо ставање во ред со донесување на ноз закон за оваа фела“, истакна Павлина Илиоска, сметководител.

 

Ова се барањата на сметководителите:

 

 

„1.Барање за пролонгирање на следните рокови:

 

– Законскиот рок 25.01.2021 година за последните ДДВ пријави за 2020 година на месечните и тромесечните даночни обврзници да биде пролонгиран за 30 дена. Дополнително со соодветни законски решенија бараме пролонгирање од 30 дена на сите наредни ДДВ пријави додека трае оваа пандемија. Предлагаме овие законски измени да одат по скратена постапка.

– Законскиот рок за поднесување на годишни завршни пресметки, консолидирани финансиски извештаи, како и сите останати извештаи поврзани со нив да бидат пролонгирани за 45 дена.

– Законскиот рок од 15.01.2021 година за регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници да се пролонгира за 30 дена.

– Новиот ДЕ образец кој е дел од годишната завршна пресметка да започне со имплементација од 2022 година.

– Воспоставувањето на Регистарот на вистински сопственици да биде одложено за 2022 година, со оглед на фактот дека дел од податоците ќе треба да ги внесуваме ние како сметководители.

– Законскиот рок 31.01.2021 година за поднесување на КИПО образец за 4 квартал 2020 година во НБРСМ да биде пролонгиран за 30 дена.

 

  1. Бараме да не се пресметуваат казнени камати, како и да не се изрекуваат казни на правните субјекти за кои сметководителите поради Ковид-19 со решение за изолација не биле во можност да ги запазат законските рокови.

 

  1. Имплементацијата на нови законски решенија и обрасците кои ние како сметководители сме обврзани да ги поднесуваме да биде најмалку 6 месеци од нивно донесување, а за истите да бидат организирани онлајн обуки од страна на надлежните институции. Исклучок на ова наше барање да бидат законските измени кои се донесуваат за финансиска поддршка поради Ковид-19 пандемијата.

 

  1. Воспоставување постојана комуникација со назначени одговорни лица од надлежните институции (Влада на РСМ, Министерство за финансии, Министерство за економија, Управа за јавни приходи, Народна банка на РСМ, Централен регистар на РСМ) со цел надминување на проблемите со кои се соочуваме како сметководители.

 

  1. Бараме итно решавање на ситуацијата со нефункционалниот Институт на сметководители и овластени сметководители, како и отпочнување со работа на нов Закон за вршење на сметководствени работи. Во креирањето на новиот Закон за вршење сметководствени работи задолжително бараме да бидат вклучени наши избрани претставници сметководители“, стои во Барањето на сметководителите упатено до Владата.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи