Бројот на невработени во 2020 година во Прилеп се зголемил за 2181 лице

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Бројот на невработени лица во државава се зголемил за 52.023 лица во периодот јануари-декември 2020 година, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка се зголемила на 156.432 лица.

 

„Со состојба на 31.12.2020 година евидентирани се 17026 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот“, информираат од Агенцијата за вработување.

 

Во Прилеп статистиката за ланската година вели дека на почетокот на јануари имало 6903 невработени лица, а на крајот на годината 9084 лица. Бројката на невработени се зголемила за 2181 лице.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи