ВИДЕО – Доцни реконструкцијата на училиштето во Заполжани, иако Владата истата ја вети пред повеќе од 6 месеци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

И по повеќе од половина година откако Владата се пофали дека веќе се озбезбедени пари за реновирање на училиштето во селото Заполжани, Општина Долнени, од тоа нема ништо. Училиштето е затворено и понатаму се распаѓа. Учениците пак од лани од септември се носат со комбиња да учат во селото Долнени. Родители се револтирани, велат дека политичарите со години ги лажеле, доаѓале само за избори, а децата им учеле во мизерни услови со тоалети надвор од училиштето. Бараат што побрзо да се реновира овој објект, а децата да си учат во нивното село кое брои 250 жители.

 

 

„До каде е дојдена работата незнаеме, но нашиве деца одат во Долнени, во зимски услови, со комбе, се плашиме и порадии корона кризата, не е добро групирање по комбиња, треба час поскоро да се направи училиштето. Не знаеме дали целосно ќе го реконструираат и само делот од кровот и санитарни јазли да се спроведат внатре за да не одат децата надвор во трњето и тоа обавезно да се направи“, рече Менде Илиоски, жител на село Заполжани.

 

„Само ветуваат, а ништо нема направено, де оваа година, де онаа година, големо село сме, мора да има училиште, в година ќе има и нови ученици“, додаде Оливер Соколески, жител на село Заполжани.

 

Министерката за образование Мила Царовска рече дека постапката била при крај и очекувала да се започне со градба оваа година, но не кажа детали зошто доцни целата постапка.

 

„И веројатно треба да се направи селекција на изведувач , иинаку таа постапка е речиси при крај за следнава градежна сезона да може да се инвестира во училиштето“, истакна Мила Царовска, министер за образование.

 

Од Општина Долнени велат дека се што било потребно тие направиле, сега топката ја префрлаат кај Пелагонискиот плански регион, преку кого се реализирал проектот. Од Центарот пак велат дека целиот проект чинел околу 85.000 евра, а парите биле обезбедени дел преку швајцарска донација, а дел од Министерството за локална самоуправа. Веќе била објавена Јавната набавка за тоа кој ќе ги изведува градежните работи и во тек била евалуацијата на понудите, пријавени биле 10 фирми. Се очекувало училиштето да биде реконструирано до средината на летото. До тогаш децата од Заполжани ќе продолжат да учат во соседното село, а жителите да се надеваат дека конечно ќе добијат пристоАен објект за образование на нивните деца.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи