ВИДЕО – 95% од матурантите во Прилеп ја бојкотираат онлајн наставата, обвинуваат и за притисоци

Средношколците од 4-та година во Прилеп, во сите 5 средни училишта, како и во целата држава моментално ја блокираат онлајн наставата. Сето ова се случува поради бојкотот организиран од страна на Сојузот на средношколци на РСМ, кој што има свои цели. Обвинуваат дека имаат и притисоци да се вратат на наставата.

 

 

„Причината на овој бојкот е некомпетентната или неизвршена онлајн настава која што се одвива со одредени попречувања. Причината за ова се неисполнетите ветувања од страна на министерката за образование и наука Мила Царовска, која што на средношколците, на матурантите им вети дека ќе ја скрати наставната програма и тоа по сите предмети и тоа не беше исполнето од нејзина страна, ниту пак од Државниот испитен центар. Затоа учениците се организираа да ја бојкотираат онлајн наставата и со тоа ги имаат барањата кои што се изложени од страна на Сојузот на средношколци до јавноста, до Министерството за образование и до Државниот испитен центар. Моментално во Прилеп како и во останатите градови во дел од училиштата се врши притисок со цел учениците да се вратат на настава, учениците да продолжат да ја слушаат наставата и да го прекинат нивниот бојкот, со тоа што ќе прифатат да полагаат матура како во нормална ситуација, иако нашата држава во овој момент се најдува во кризна состојба“, вели Марио Велкоски, амбасадор на Сојуз на средношколции на град Прилеп.

 

Велкоски истакна и тоа дека им се ветувало дека можеби ќе бидат регулирани ниивните изостаноци и дека учениците ќе треба да надополнуваат настава или часови, но сето тоа во овој момент не било поткрепено со никаква документација, или барем тие немале добиено.

 

Средношколците ја демантираат и изјавата на министерката Царовска дека меѓу учениците постои сајбер булинг.

 

„Како Сојуз на средношколци на РСМ ние излеговме со барања до МОН. Во нашите барања ние бараме скратување на самата програма која што треба да се полага во државната матура. Исто така во нашите барања побаравме и скратување на предметите кои треба да се полагаат, ние бараме полагање на мајчин јазик, а како втор предмет учениците сами да ги изберат предметот кој што им е најпотребен за продолжување на високото образование и вклучување на проектната задача. Во оваа прилика сакам како член на Сојузот да ја демантирам изјавата на министерката Царовска дека меѓу учениците постои сајбер булинг, барем конкретно за во Прилеп, ние како Сојуз никогаш не сме вршеле притисок нашите ученици средношколци да се вклучат присилно на самиот бојкот. На ниво на Прилеп успешноста на бојкотот е повеќе од 95%, сите 5 средни училишта се вклучени во самиот бојкот“, додаде Ангела Кочоска, амбасадор на Сојуз на средношколции на град Прилеп.

 

Кочоска се заблагодари на сите директори и професори кои што не им вршеле притисоци, а на истите кои тоа го правеле им порача да престанат бидејќи истите ќе биделе пријавени до Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи