Војниците ќе добиваат отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината во АРМ

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Војниците кои ќе навршат 45 години возраст доколку не сакаат да продолжат со работа во државна институција ќе можат да изберат опремнина од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, најави денес министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

 

По завршувањето на војничката кариера, припадниците на АРМ имаа опција да продолжат да работат во државна институција, а сега ќе имаат можност и да добијат отпремнина и да почнат сопствен бизнис или друга иницијатива за развој на кариерата.

 

„Со оваа можност војниците со поминати 10, 15, 20 или 25 години на служба во Армијата можат да земат по 10, 15, 20 или 25 илјади евра отпремнина, што е солидна сума за започнување на бизнис или друга иницијатива за развој на кариерата, што иако ќе го чини многу буџетот, од друга страна ќе биде и импулс за развој на економијата“, кажа министерката на денешната прес-конференција.

 

Министерката истакна дека договорот е постигнат во дијалог и на иницијатива на репрезентативниот синдикат, а од Владата веќе има зелено светло за оваа можност. Од Синдикатот пак искажаа благодарност за донесената одлука, со надеж дека Собранието набргу ќе ги донесе измените на Законот.

 

За остварување на правото на отпремнина, професионалните војници ќе треба да поднесат писмено барање до половина на годината во која полнат 44 години за да можат навремено да ги планираат средствата кои треба да бидат одвоени за оваа намена.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи